Дома Фудбал „Здраво, јас сум Нејмар и барам социјална помош од 120 долари“

„Здраво, јас сум Нејмар и барам социјална помош од 120 долари“

Некој во Бразил претставувајќи се како Нејмар на нелегален начин се обидел да дојде до пари.

Наводно личноста илегално поднела пријава и во име на Нејмар барала од тамошната влада 120 долари како дел од помошта за рабодниците со ниски примања во текот на пандемијата со коронавирусот.

„Името, датумот на раѓање и матичниот број на ѕвездата на ПСЖ се искористени за добивање помош од бразилската влада во износ од 120 долари“, пренесуваат медиумите во Бразил.

Владата во Бразил одобри план за помош на Бразилците со ниски плати и тоа некој очигледно сакал да го злоупотреби. Интересно е што прво барањето како што се пишува било одобрено, но подоцна поради сомневање било ставено во категоријата на оние кои дополнително ќе се проверуваат.

Бразил инаку е една од најзагрозените земји во светот од коронавирусот и се трета држава во светот по бројот на смртни слчаи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сеслар со два гола го сруши Штурм: Целје славеше со 3-2 во Грац

Целје победи на „Меркур Арена“ со два погодока на Свит Сеслар и еден на Бенјамин Вербич, и…