Првиот македонски спортски весник „Македонски Спорт“ денеска го издаде своето последно издание и на жалост на целата македонската спортска јавност, овој весник згаснува.
Само неколку дена на „Македонски Спорт“ му недостасуваа да стигне до јубилеј од 20 години, само неколку броја до неверојатното 6.000 издание. Првиот спортски весник во Македонија застана на бројот 5.962.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што наведуваат од редакцијата изгубено е трпението да се справуваат со проблемите во нашата држава. Се обидуваа и со експерименти како три изданија во неделата, но проблеми имало се повеќе и повеќе, па на крајот за наша и жалост на целата спортска јавност да кажат и последно збогум.
„Македонски Спорт“ започна во времето кога великаните како Дарко Панчев, Петар Наумоски, Пепи Манасков ги играа своите последни сезона, а започнуваа Горан Пандев, Перо Антиќ, Кире Лазаров…
Треба да се истакне дека ниту еден приватен печатен медиум не прославил 20 години, а на овој весник му недостасуваа само уште неколку денови.
За крај тимот на „Спортски.мк“ оддава почит и признание за работата и борбата на првиот печатен спортски весник во Македонија.