Дома Фудбал Останато Звонимир Бобан: Смешни се коментарите дека УЕФА ја фаворизира Англија

Звонимир Бобан: Смешни се коментарите дека УЕФА ја фаворизира Англија

Звонимир Бобан даде интервј за италијанската „Газета дело Спорт“, во интервјуто Бобан зборуваше и за теориите на заговор според кои УЕФА ја фаворизира Англија и направила се за тие да дојдат до финалето.

Таквите коментари посебно се зголемија после пеналот кој го доби Англија во судиското продолжение против Данска. Освен тоа тука е и фактот што Англија сите натпревари освен еден ги одигра на домашен терен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Смешно е да се мисли дека УЕФА ја фаворизира Англија. Финалето ќе биде прекрасно, ќе биде дуел на две големи репрезентации. УЕФА го сакала ова финале? Немојте да ме смеете. Теории на заговор секогаш постојат, но сите кои се во фудбалот знаат дека не чека едно чисто финале“, изјави Бобан.

Ја очекувал ли Бобан Италија во финалето?

„Овој тим има посебен дух, сме го виделе и претходно, но сите имаа сомнежи. Не знаевме до каде може да оди. Ако гледаме по индивидуален квалитет, ова не е најдобрата Италија, но Манчини направи ремек-дело. Донарума е најдобар играч, а тука се уште Киеза и Жоргињо кои најмногу се истакнуваат“, смета Бобан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Покетино за дебаклот: Срам? Тоа не е вистинскиот збор…

Фудбалерите на Челзи доживеаа вистинска шлаканица од големиот градски ривал Арсенал во вче…