Кошаркарите на Црвена Звезда го победија Партизан со 92:86 во 18. Коло од АБА лигата.
Избраниците на Драган Шакот се реваншираа на најголемиот ривал за поразот во првиот дел од сезоната. Звезда оствари важна победа во борбата за влез во плеј-офот и сега има скор од 12/6, додека Партизан е на 14/4.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Најефикасен во победничкиот тим беше Били Берон со 26 поени. Американецот одигра одличен натпревар и беше најзаслужен за триумфот на црвено-белите.
Берон го следеа Лазиќ со 12 и Давидовац со 11 поени. Важна улога одигра и Куриџ кој ги погоди клучните слободни фрлања на 37 секунди до крајот. Партизан имаше напад да го намали заостанувањето, но Јарамаз промаши тројлка и тука беше крајот.
Во редовите на Партизан најдобар беше Немања Гордиќ со 14 поени, Пејџ и Јармаз имаа по 13, додека Волден уфрли 12.
Натпреварот се играше во одличен ритам, се играше кош за кош и ниту еден тим не успеа да дојде до поголема предност.