Црвена Звезда и Милан вчера одиграа 2:2 во првиот натпревар од 1/16 финалето во Лигата на Европа.
Милан водеше со 2:1 и изгледаше дека ќе слави во Белград, но Звезда со гол во судиското продолжение на Павков стигна до реми.
Она што ги изненади италијанските медиуми пред овој гол е реакцијата од трибините. Имено, натпреварот требаше да се игра пред празни трибини, но во ложата на „Маракана“ имаше одреден број навивачи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кога Павков постигна гол извикот од трибините беше навистина изненадувачки, а како што пишува „Газета дело Спорт“ тоа е најдобар доказ дека овој натпревар се играл пред одреден број навивачи.
Дека имаше навивачи сведочи и ситуацијата во која се слушаат навреди за Ибрахимовиќ додека седи на клупата – таа ситуација погледнете ја тука.
Звезда очигледно ги прекршила протоколите на УЕФА и сигурно поради тоа ги очекува жестока казна.