После тешкиот пораз на гостувањето кај ПСЖ, Црвена Звезда во третото коло од Лигата на шампионите ќе гостува кај Ливерпул на „Енфилд“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Звезда секако е голем аутсајдер пред споменатиот натпревар, а лесно би можело да се случи да се најдат во полоша ситуација со оглед на проблемите на двајца фудбалери.
Според пишувањето на српските медиуми под голем знак прашалник за натпреварот против Ливерпул е Марко Марин, кој за многумина е најдобар играч на Звезда оваа сезона.
Марин не тренираше на последниот тренинг во Белград пред тимот да отпатува за Англија, а повеќе за неговата состојба ќе се знае во денот на натпреварот (среда). Поранешниот германски репрезентативец не настапи на последните два натпревари на Звезда во лигата и купот.
Тренерот на Звезда, Владан Милојевиќ се уште не знае и дали ќе може да смета на капитенот Вујадин Савиќ.
Натпреварот помеѓу Ливерпул и Звезда се игра во среда со почеток во 21:00 часот.