По завршувањето на драматичниот реванш на „Бернабеу“, очигледно Џанлуиџи Буфон имаше порака за судијата Оливер.
Еден од најдобрите голмани на сите времиња, Џиџи Буфон, денес заработи црвен картон поради протест кон судијата Оливер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јувентус водеше со 3:0 против Реал Мадрид, а потоа судијата Оливер во 3. минута од продолжението досуди пенал за Реал Мадрид, беше дискутабилно, мораше да донесе тешка одлука.
Буфон беше прилично бесен, поради што заработи црвен картон, а она што ќе остане запаметено се неговите зборови по завршувањето на мечот.
„Судијата не може да биде толку циничен да го уништи напорот на целиот тим. Човечко битие не може да отстрани тим каков што е овој. Ако сакаш да бидеш главен лик, протагонист, седи со својата сопруга. Оливер има канта за ѓубре, наместо срце“, истакна Буфон.