Дома Останати За снукер историја: Спектакуларен пресврт и победа со еден од најтешките удари во овој спорт! (ВИДЕО)

За снукер историја: Спектакуларен пресврт и победа со еден од најтешките удари во овој спорт! (ВИДЕО)

Љубителите на снукерот кои го пропуштија вчерашниот меч од осминафиналето помеѓу Стефан Магиер и Марк Вилијмас – ќе се каат!

Секако во денешната ера на интернетот и технологијата лесно може да се пронајде снимка од натпреварот, но сигурно дека секој кој го следи овој спорт сакал да ја почуствува неизвесноста во моментот кога се играше мечот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во мечот за аналите кој понуди апсолутно се што снукерот може да понуди, славеше Стефан Магире и тоа откако претходно губеше со 0:4. Освен антологиското враќање против трикратниот светски шампион она што на овој меч му дава дополнителна тежина е последниот, одлучувачки фрејм.

При резултат 5:5, Магире отвори уфрлувајќи две топки за 6:0, но потоа Вилијамс ја искористи грешката и отвори серија.

Изгледаше дека Магире нема да има нова шанса, но тогаш при водство од 33:6 следуваше грешка. Велшанецот се обиде да се извлече, но не одигра добро. Потоа, Шкотот тргна во „кражба“ на фрејмот и се му одеше од рака. Му остана последната црвена топка која успеа да ја внесе во дупката со удар каков што во снукерот не се гледа често.

За оние кои го пропуштија овој меч под текстот можат да го погледнат последниот – епски фрејм!

https://youtu.be/e5Cf8oZ31dA

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…