Како што беше објавено новинарите на „Дејли Телеграф“ кои биле на тајна задача открија шокатни информации.
Имено, тие се претставиле како луѓе од филмската индустрија и побарале од од тренерот на Гетлин да ги спреми физички, а тој им понудил допинг.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
После сето ова Гетлин го отпушти тренерот, а сега се огласи и во јавноста.
„Не користам и никогаш не сум користел супстанци за да го подобрам мојот настап. Изненаден сум и шокиран, кога овие информации стигнаа до мене веднаш ја прекинав соработката со мојот тренер. Сите законски опции се во можност, не сакам да дозволам другите да ширалт лаги за мене“, остро истакна познатиот спринтер.
Да потсетиме Гетлин во минатото веќе два пати беше суспендиран поради користење недозволени супстанци.