Хуан Карлос Хердиа откри дека од Барселона добива доживотна плата поради помагањето на клубот да стигне до европската титула.
Аргентинецот играше заедно со Јохан Кројф за Барселона и во 1979 со шпанскиот гигант го освои Купот на победниците на куповите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Хердиа неодамна откри дека секој член на Барса кој го освои европскиот трофеј добил доживотна плата после ветувањето на поранешниот претседател Жоан Лапорт.
„Кога Барселона во финалето во Рим го победи Манчестер Јунајтед со голот на Меси претседателот Лапорт изјави дека сите оние кои биле европски шампиони со Барселона ќе добијат доживотна плата и тоа ветување го исполни“, изјави Хередиа.
За ова претходно не се пишуваше и не се знаеше, но изгледа дека сите генерации на Барса кои го освоиле европскиот трофеј добиваат добиваат доживотни плати и единственото прашање е како буџетот на Каталонците го поднесува тоа.