После отказот во Манчестер Јунајтед португалскиот стратег Жозе Мурињо освен што има своја емисија на телевизијата „Русија Денес“, времето го минува и гостувајќи во англиски телевизии каде што ги коментира случувањата во Премиер лигата.
Мурињо порача дека ја чека вистинската понуда за да се врати на терените и дека ќе одмара до крајот на оваа сезона. Во последната ситуација Мурињо гостуваше во „беИН Спорт“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во емисијата посветена на Премиер лигата Мурињо е чест гостин, а вчера за прв пат зборуваше и за Оле Гунар Солскјер кој го наследи во Манчестер Јунајтед.
Тој верува дека промените во екипата на „црвените ѓаволи“ нема да носат резултати на долги патеки.
Се започна со коментарот за отказот на Клаудио Раниери, каде што на негово место седна Скот Паркер. Мурињо јасно стави до знаење дека тоа не е добар потег, како ни потегот на Манчестер Јунајтед (неговиот отказ).
„Дали Фулам можеше да најде подобар тренер од Раниери? Никако. Можете ли да го споредите неговото искуство со искуството на Скот Паркер? Нема шанси“, започна Мурињо па следуваше коментарот за Солскјер и Јунајтед.
„Во фудбалот некогаш се случуваат ментални промени и таков пример е мојот поранешен клуб. Не верувам премногу во долгорочни промени. Таквите промени се ментални и некогаш даваат позитивни резултати, но тоа не трае премногу долго“, порача Португалецот.