Шпанските медиуми веќе пишуваат за изборите кои се дури за две години.
Во Барселона полека се припремаат за изборите кои се во 2021 година. Шпанските медиуми пиуваат дека Хозе Бартомеу ќе има голем ривал во ликот на Марија Теисидор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Теисдор во клубот е од 2015 година и во овој момент ја извршува функцијата директор и главен секретар во одборот на Барселона.
Медиумите ја истакнуваат како кандидат за противник на Бартомеу на изборите. Еве што изјави таа.
„Во овој момент не мислам на кандидатурата, но ќе видиме што ќе донесе иднината. Секој човек тука го сака клубот и сите сакаме да придонесеме за подобра иднина. Во овој момент сум задоволна како работите функционираат и каде се наоѓаме“, изјави Теисдор за медиумите.