Дома Фудбал За она што Бускетс го направи против Челзи денеска зборува цела Европа

За она што Бускетс го направи против Челзи денеска зборува цела Европа

„Opta“ непосредно по натпреварод од осмина финалето во ЛШ на „Стемфорд Бриџ“ лансираше податок дека Серхио Бускетс сруши рекорд на Барселона во оваа сезона по бројот на додавања на еден натпревар.

Одличниот играч на Каталонците одигра 139 пасови кон своите соиграчи, од кои дури 128 беа успешни. Од каде се делеше топки можете да погледнете на приложената инфографика.

Инаку, Барселона вчера во западен Лондон имаше вкупно 868 додавања (778 успешни), а Челзи 333 (246 успешни). Меѓутоа, ниту овој податок, како ни двојно поголемиот посед на топката на Каталонците, не беа во нивна корист. Челзи беше подобар и поконкретен ривал и само благодарение на големиот кикс на одбраната на Челзи на 15. минути пред крајот, гостите успеаа да останат непоразени во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Ѕерби има дилеми за Медисон и Галагер: Тотенхем повторно го мерка Гибс-Вајт

Морган Гибс-Вајт повторно е во трансфер-плановите на Тотенхем, додека Роберто де Ѕерби ја …