Во март Македонија ја очекува натпреварот против Косово во рамките од полуфиналето во Лигата на Нации тој натпревар ние го играме на домашен терен и скоро е сигурно дека ќе се игра на арената „Тодор Просеки“:
Македонската јавноста и претходно очекуваше оваа средба да се игра во Скопје, а дополнителна причина овој натпревар да се одигра на нашиот најголем стадион е денешната одлука на УЕФА. Имено, УЕФА соопшти дека во баражите од Лигата на Нации ќе мора да се користи ВАР системот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
ВАР системот мора да го обезбеди домаќинот и според некои информации за инсталирање на таква технологија потребна е сума од околу 250.000 евра.
УЕФА најави дека ВАР ќе се користи и во квалификациите за Светското првенство Катар, меѓутоа таа одлука мора да биде потврдена и од ФИФА.
NEWS: The #UEFAExCo has agreed to use VAR in the #EURO2020 play-offs in March, and in the 2022 European Qualifiers for the World Cup, subject to approval from FIFA for the latter. pic.twitter.com/AGud4lcrp2
— UEFA (@UEFA) December 4, 2019