Дома Македонски спорт За кошмарната вечер на Димитриевски пишуваа светски познатите „Скај Спорт“ и „Л’Eкип“

За кошмарната вечер на Димитриевски пишуваа светски познатите „Скај Спорт“ и „Л’Eкип“

dimitrievski

Македонија вчера загуби од Ерменија со резултат 4:0, а кога и да го споменеме овој натпревар во иднина сигурно ќе се потсетиме на голманот Столе Димитриевски за кого малку е да се каже дека вчера имаше лош ден.

Ерменците скоро се што шутнаа влезе во нашата мрежа иако тоа беа удари кои не треба да претставуваат проблем за еден репрезентативен голман.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се започна со ударот на Пиезели кога во стилот на Кариус, Димитриевски ја испушти топката и таа заврши во нашата мрежа, но за жал тоа беше само вовед во катастрофалната вечер на нашиот голман.

Во второто полувреме во недоразбирање со одбранбените играчи ја додаде топката до Михтаријан кој потоа асистираше за 2:0. Следниот кикс го направи кога при еден слободен удар кога одново ја испушти топката која заврши во неговата мрежа.

Конечните 4:0, Ерменците ги поставија со нов гол од слободен удар, овој пат таа помина под живиот ѕид.

https://www.youtube.com/watch?v=rxcJPpgibVw

Ваквиот настап на Димитриевски се рашири и низ Европа, па светските медиуми „Скај Спорт“ и „Л’Екип“ извесуваа за неговата лоша вечер.

Димитриевски ова лето во последниот ден од преодениот рок направи трансфер во редовите на Рајо Ваљекано каде што пристигна од Гимнастик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…