Денес и официјално беше соопштено дека Милорад Мажиќ ќе го суди финалето во Лигата на шампионите во Киев во кое ќе играат Реал Мадрид и Ливерпул.
Мажиќ на меѓународните натпревари правдата ја дели од 2009 година, а сега стигна до врвот на својата кариера бидејќи после едно финале во Лигата на шампионите може да посака само уште финален натпревар на Светското првенство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бидејќи во финалето ќе играат Реал Мадрид и Ливерпул ред е да го погледнеме учинокот на овие два клуба во кои судел Мажиќ.
Во тековната сезона Србинот немаше прилика да ја дели правдата на натпревар на актуелниот шампион на Европа и екипата на Ливерпул, но од сезоната 2010/2011 до денес пат беше арбитар во натпреварите во кои играат Реал и Ливерпул.
Мажиќ три пати му судел на Реал Мадрид, а два пати на Ливерпул. Интересно е што ниту Реал, ниту Ливерпул не знаат за пораз кога правдата ја делел Србинот.
УЕФА Супер куп 2016
Реал Мадрид – Севиља 3:2
Лига Европа 2015/2016 (1/8 финале)
Манчестер Јунајтед – Ливерпул 1:1
Лига на шампиони 2014/2015 (групна фаза)
Базел – Реал Мадрид 0:1
¼ финале
Атлетико Мадрид – Реал Мадрид 0:0
Лига Европа 2010/2011
1/32 финале
Ливерпул – Спарта Прага 1:0