Навивачот на Лион, кој со шише го удри по глава Димитри Паје на мечот против Марсеј, денес ја слушна пресудата.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хулиганот беше осуден денеска на шест месеци затвор. Исто така, 32-годишниот навивач доби забрана за влез на стадионот во Лион во период од пет години.




Дербито од 14 коло меѓу Лион и Марсеј беше прекинато во четвртата минута од средбата, кога Димитри Паје беше удрен во глава со полно пластично шише, па судијата одлучи да ги однесе двете екипи кон соблекувалните.




Французите најавија дека се разгледуваат мерки како забрана на навивачите да доаѓаат на стадионите, зголемување на бројот на надзорни камери и разјаснување на овластувањата поврзани со тоа кој има право да откажува натпревари во случај на насилство.
Le dunk ! #Payet #OLOM pic.twitter.com/92F8qo3seM
— Miyagi (@SweetRyder1) November 21, 2021