Дома Фудбал Останато ЗАСЛУЖИ: Знаете ли колку долго Казорла чекаше на гол во Европа?

ЗАСЛУЖИ: Знаете ли колку долго Казорла чекаше на гол во Европа?

casorla

Помина низ пекол, но сега повторно може да ужива во она што најмногу го сака.

Спартак Москва и Вилјареал одиграа интересен натпревар во рамките од второто коло во групната фаза од Лигата на Европа. Конечниот резултат на натпреварот беше 3:3.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вилјареал до бод стигна во 96-тата минута со погодокот на Санти Казорла!

„Жолтата подморница“ сега има гол разлика од друи 5:5 и само два освоени бодови.

Ако некој заслужи погодок во европските натпреварувања, тогаш тоа е Санти Казорла. Знаеме сите колку се мачеше со повредите и колку беше среќен што клубот каде што ја започна кариерата му даде шанса повторно да игра на највисоко ниво.

Замислите колку вчера беше среќен кога постигна гол во последните секунди и донесе важен бод на тимот. И покрај долгата пауза, изненадува податокот дека ова е прв гол на Шпанецот во Европа уште од март 2011 година! Тогаш беше стрелец исто за Вилјареал во натпреварот против Леверкузен.

Она што е интересно, во дресот на Арсенал никогаш не постигнал гол во некое европско натпреварување, а одигра 32 европски натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тензии во Манчестер Јунајтед: Хојлунд се жалел кај Тен Хаг од Бруно Фернандеш

Расмус Хојлунд оваа сезона покажа дека има потенцијал да го носи дресот на Манчестер Јунај…