Ракометниот шампион на Македонија, битолскиот Еурофарм Пелистер доведе засилување во своите редови.
26-годишниот Алексо Лембанов е нов асистент тренер на шампионот на Македонија и заедно со главниот тренер Бранислав Ангеловски и тренерот на голмани Ице Соколески го сочинуваат стручниот штаб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се работи за млад стручњак, кој континуирано работи и се усовршува. Јавноста го запозна со работата во Пролет, а кратко беше во стручниот штаб на Ал-Сафа во Саудиска Арабија.
Лембанов ќе се приклучи на подготовките на екипата на Еурофарм Пелистер на Златибор.