Дома Фудбал Англија Започнува Премиер лигата: Сити, Ливерпул или некој трет?

Започнува Премиер лигата: Сити, Ливерпул или некој трет?

Љубителите на фудбалот одбројуваа денови до денешниот ден и почетокот на најгледаното првенство во светот – 9-ти август дојде!

Фудбалерите на Ливерпул и Норвич вечерва од 21:00 часот ќе ја отворат новата сезона во која се надеваме дека не очекуваат многу возбудувања.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Титулата шампион ја брани екипата на Манчестер Сити која минатата година прва помина низ целта со еден бод предност во однос на Ливерпул. Поради тоа навивачите на Ливерпул се надеваат дека конечно ќе ја освојат лигата од кога таа се игра во ваков систем.

Двократниот шампион и во новата сезона влегува како главен фаворит и освен Ливерпул тешко е да се предвиди со кој друг клуб ќе се бори за титулата.

Тука се Тотенхем, Челзи, Арсенал и Манчестер Јунајтед, но овие клубови се чекор зад Сити и Ливерпул, барем така изгледа пред почетокот. Арсенал купи сериозни засилувања ова лето во клубот пристигнаа Пепе, Луиз, Тирни, Салиба...и заедно со Лаказет, Обамејанг, Озил и останатите можеби можат да се вмешаат во борба за врвот.

Челзи не купуваше ова лето затоа што имаше забрана за доведување играчи. Пристигна Пулишиќ кој потпиша договор порано и ќе биде интересно да се види како ќе играат „сините“ под водство на Лампард и во отсуство на Еден Азар.

Јунајтед ова лето се сконцентрира кон засилување на одбраната и во клубот пристигнаа Арон Ван Бисака и Хари Мегваер за вкупна сума од 142 милиони евра.

Од друга страна го продадоа Лукаку...Јунајтед не менуваше премногу и ќе има сличен тим во однос на минатата сезона, но проблем би можел да им биде нападот.
Никако не треба да се заборави Тотенхем, тим кој многумина го ставаат на третото место, веднаш зад Ливерпул и Сити. Од поважните играчи може да се издвои заминувањето на Киеран Трипие (Атлетико Мадрид), додека во клубот пристигнаа: Ло Селсо, Тангу Ндомбеле, Сесењон…

Значи: Сити, Ливерпул, Тотенхем, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Челзи…или некој нов „Лестер“?

Прво коло во Премиер лигата.

Петок

21:00 Ливерпул – Норвич

Сабота

13:30 Вест Хем – Манчестер Сити

16:00 Бурнемоут – Шефилд Јунајтед

16:00 Барнли – Саутемптон

16:00 Кристал Палас – Евертон

16:00 Вотфорд – Брајтон

18:30 Тотенхем Астон Вила

Недела

15:00 Лестер – Вулверхемптон

15:00 Њукасл – Арсенал

17:30 Манчестер Јунајтед – Челзи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…