Oдлично започна Душан Влаховиќ во Јувентус, но во последно време не постигнува така лесно голови како што беше случај во првиот дел од сезоната во дресот на Фиорентина.
Се започна како бајка за Влаховиќ во Торино. На дебито против Верона постигна гол, а потоа се запиша во листата на стрелци и во дебитантскиот настап во Лигата на шампионите. Но, сега дојде период во кој тешко постигнува гол, тоа италијанските новинари го искористија да извлечат статистика за неговата ефикасност.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во дресот на Фиорентина Влаховиќ постигна 20 голови на 24 натпревари што значи дека постигнувал гол на секои 102 минути, сега во Јувентус тој просек му е значително помал. На 12 натпревари за Јувентус Србинот постигна пет голови и тоа е гол на секои 199 минути.
Дали е во прашање прилагодување, иако добро тргна или нешто друго ќе покаже времето.