Дома Трансфер зона Замената за Манолас во Рома е еден од најталентираните стопери во Италија

Замената за Манолас во Рома е еден од најталентираните стопери во Италија

Рома изгледа ја пронајде замената за Манолас кој се пресели во Наполи.

Римјаните брзо реагираа после продажбата на Манолас.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според последните информации екипата на Рома успеала да го обезбеди потписот на еден од најталентираните стопери во овој момент во Италија, Џанлука Манчини.
Репрезентативецот на „Аѕурите“ со Аталанта успеа да се избори за пласман во Лигата на шампионите, но овој клуб веројатно ќе го продаде и добро ќе ја наполни касата.

Манчини доби повик во репрезентацијата оваа година од неговиот „презимењак“. За Аталанта тој одигра 40-тина натпревари во две години од доаѓањето во Бергамо. Кариерата овој фудбалер ја започна во Фиорентина која подоцна го продаде на Перуџа.

Со се бонуси Аталанта за него плати еден милион, а за две години се афирмираше и сега е пред преселба во Рома за 25 милиони евра. Според информациите Рома ќе плати 20 на крајот од сезоната, а остатокот клубот од Бергамо ќе добие преку бонуси.

Кога е неговиот договор со „волчицата“ тој ќе потпише на четири години и ќе има заработка од два милиони евра по сезона. Формулата е иста како и кај Брајан Кристанте, позајмица со обврска за откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…