Дома Фудбал Англија Заканите не се празни зборови: Разбојници влегле во домот на Ловрен!

Заканите не се празни зборови: Разбојници влегле во домот на Ловрен!

lovren

Дефанзивецот на Ливепрул, Дејан Ловрен, во текот на својата кариера многу пати беше мета на критики на разочараните навивачи, но никогаш во толкава мера како што тоа е во случај во последните десетина дена.

Се започна со неговиот катастрофален настап во поразот на Ливерпул од Тотенхем со резултат 4:1. Ловрен беше директен виновник за првите два погодоци на „петлите“, а играше толку лошо што Јирген Клоп одлучи да го замени во 30 минута од средбата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После овој негов настап кон Ловрен беа испратени лавина критики и закани, а работата отиде толку далеку што Хрватот добиваше закани по неговиот живот и неговото семејство.

Имено, во моментите кога започнувал натпреварот помеѓу Ливерпул и Марибор полицијата добила повик дека во тек е кражба во две куќи. Кога полицијата пристигна на местото на настанот потврди дека тоа се куќите на Дејан Ловрен и Саидо Мане.

„Не е познато дали е нешто украдено во ситуацијата со куќата на Ловрен, но фудбалерот на Ливерпул е известен за целата ситуација“, порачаа од полицијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…