Ждребот за квалификациите за Европското првенство 2020 година ќе се одржи на 2 декември 2018 година во Даблин објави денес фудбалската унија (УЕФА).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На ждребот ќе се најдат 55 репрезентации кои ќе бидат поделни во 10 групи од по пет или шест екипи, а пласман на континенталниот шампионат ќе изборат девете најдобри селекции од секоја група.
Квалификациите за Европското првенство кои ќе се играат во 13 градови и 13 држави, ќе се одржат од март до ноевмри 2019 година.
Преостанатите четири места на Европското првенество, ќе бидат пополнети од новоформираното натпреварување, Лига на нации, односно првопласираните селекции од Лигите А, Б, Ц и Д.
Европското првенство ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули 2020 годин во Даблин, Лондон, Амстедам, Баку, Билбао, Брисел, Будимпешта, Букурешт, Копенхаген, Глазгов, Минхен, Рим и Санк Петерзбург.