Вечерва на програмата од Лигата на шампиoните е големото дерби помеѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед, а пред ова дерби свој коментар на ситуацијата во противничкиот табор даде и Томас Тухел.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Германскиот стратег смета дека натпреварот со Јунајтед доаѓа во тежок период за сите во клубот.
„Јунајтед сега игра со голема самодоверба и постигнува многу голови, посебно во раната фаза од натпреварите. Имаат фантастична серија и воопшто нема да биде лесно против нив. Од моментот на ждрепката работите се многу променти и тогаш кажав дека за овој натпревар треба да зборуваме во февруари“, изјави Тухел.
Потоа тој зборуваше и за Солскјер.
„Не знам како ги промени работите, но некако му успеа. Во Германија постои една поговорка: Ако одиш на доктор и тој те излечи, значи си отишол кај вистинскиот“, порача Германецот.