Дома Ракомет Загреб со гол во последни секунди до пласман во Ф4

Загреб со гол во последни секунди до пласман во Ф4

Хрватскиот шампион ППД Загреб стана вториот патник на Ф4 турнирот во Задар по унгарски Веспрем откако денеска во драматичен натпревар славеше против Војводина.

Хрватите водеа во поголемиот дел од мечот, но српскиот шампион успеа да се врати во мечот и израмни со голот на Миленковиќ на 20 секунди пред крајот.

Човек на одлука беше Срна кој ја затресе противничката мрежа на само неколку секунди до крајот за 24:23 и го однесе Загреб во Ф4.

Најефикасен беше Иван Чупиќ со шест голови, а поранешниот играч на Вардар, Тимур Дибиров дебитираше со четири погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Тулуз не го пушта својот архитект: Анѓелковиќ останува до 2029 година

Српскиот тренер го продолжи договорот со Тулуз, клубот во кој пристигна како играч во 2010…