Дома Кошарка Завршува една ера: Браќата Пау и Марк Гасол се простуваат од репрезентацијата

Завршува една ера: Браќата Пау и Марк Гасол се простуваат од репрезентацијата

Шпанските кошаркари браќата Пау и Марк Гасол објавија дека се простуваат од репрезентацијата на Шпанија.

„Ова беше последен натпревар за Шпанија, ќе видиме дали последен во кариерата. Благодарен сум на сите што бевте тука, изјави Пау кој со Шпанија освои три олимписки медали, две сребра и една бронза.

Простување најави и неговиот брат.

„Треба да играат младите, а за да можат треба да им се тргнеме од патот. Во спортот никогаш не можеш да бидеш сигурен дека ќе победиш, посебно кога имате противник како САД“, порача Марк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембањама оди бос и на тренинг: Необичната навика има своја причина

Центарот на Сан Антонио објасни зошто ја избегнува класичната обувка кога може и со каква …