Дома Фудбал Италија Заврши состанокот со Конте, Интер излезе со соопштение

Заврши состанокот со Конте, Интер излезе со соопштение

Антонио Конте му донесе свежина на Интер, но и оваа сезона изостанаа трофеите на Меаца.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


После исгубеното финале во Лига Европа тренерот Антонио Конте даде неколку чудни изјави според кои можеше да се заклучи дека ќе го напушти кормилото на тимот.

Сепак, веројатно тоа нема да се случи.

Како што најавија италијанските медиуми, денеска е одржан состанок помеѓу раководството на Интер и Конте, а по завршувањето клубот излезе со официјално соопштение.

„Клубот и Антонио Конте денеска имаа конструктивен состанок со фокус на континуитетот и стратегијата, на која двете страни поставија темели за продолжување на заедничката работа на клупскиот проект.“

После ова се лини дека Антонио Конте останува на клупата на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе кажа дали ќе остане во Реал Мадрид по жестоките критики

Килијан Мбапе стави крај на шпекулациите околу својата иднина во Реал Мадрид, откако јасно…