Дома Фудбал Англија Заврши една ера од скоро 20 години: Премиер лигата добива жена за директор

Заврши една ера од скоро 20 години: Премиер лигата добива жена за директор

Познато е кој ќе го наследи Ричард Скадемор на местото извршен директор во Премиер лигата – 51 годишната Сузан Диниџ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Диниџ новата улога ќе ја превземе во јануари 2019 година кога завршува мандато на Скадемор кој помина скоро 20 години на таа функција.

„Возбудена сум што ќе добијам прилика да се пробам во оваа фантастична улога. Премиер лигата е многу важна. Таа претставува врв на професионалниот спорт, а приликата да предводите така динамична и инспиративна организација е вистинска привилегија. Со поддршката од клубовите со нетрпение чекам да продолжам со успесите на Премиер лигата во годините кои се пред нас“, изјави Сузан Диниџ.

Се очекува Скадемор да доби „подарок за пензионирање“ за одличната работа и во тоа ќе учествуваат сите клубови со по 250.000 фунти.

su

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(Видео) Биелса по испаѓањето им се развика на новинарите: Доста веќе!

Познато е дека Марсело Биелса не е љубител на разговори со новинари, а се чини дека испаѓа…