Дома Фудбал Франција Жунињо поради лошите резултати си заминува од Лион

Жунињо поради лошите резултати си заминува од Лион

На Лион не му оди во француското првенство и овој клуб се наоѓа на 12. позиција во домашното првенство што секако за нив е разочарувачки.

Освен тоа за Лион пристигнаа и вести дека легендата клубот, Жунињо Пернамбукано одлучил да си поднесе оставка од функцијата спортски директор. Оставката на Жунињо е неотповиклива и од јануари тој си заминува.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Вака е најдобро за мене и за клубот, тој кој ќе дојде на мое место ќе има време да се подготви за следниот чекор. И мојата желба е да застанам и да се одморам, потребно ми е такво нешто. Од првиот ден идејата ми беше да останам три сезони, не повеќе“, изјави Жунињо.

Договорот на Жунињо истекуваше на крајот на сезоната, но тој одлучи да се повлече после лошите резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Валенсија му се поклони на Димитриевски: Столе е нашиот свет (Видео)

Македонскиот голман Столе Димитриевски блесна на голот на Валенсија, каде што конечно доби…