Oливие Жиру вчера со фантастичен гол со ножички му донесе победа на Челзи над Атлетико Мадрид од 1:0.
Французиниот реагираше голгтерски и ја смести топката во мрежата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неговиот гол се проверуваше од ВАР бидејќи не беше јасно претходно кој ја удри топката, дали Маунт или Ермосо. На крајот одлуката беше дека Ермосо играл последен со топката пред таа да дојде до Жиру.
„Му кажав на Маунт дека тој ќе биде виновен ако ми го поништат голот. Среќен сум што топката заврши во мрежата и што не е офсајд. Со ВАР секогаш морате да бидете смирени. Долго се чекаше одлуката да биде донесена. Чудно беше што голот го славевме три минути подоцна“.
„Беф фокусиран само да ја удрам топката, инстиктивно ми дојде да направам ножички, не гледав дали сум во офсајд, Маунт ми зборуваше дека не ја допрел и така испадна“, изјави Жиру.