Лука Модриќ е фудбалерот за кој дефинитивно оваа 2018 година беше најдобра.
Модриќ зад себе има година од соништата, беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Русија и ги освои наградите од УЕФА и ФИФА за најдобар, а „шлаг на тортата“ беше освојувањето на „Златната топка“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хрватот така успеа да ја прекине десетгодишната доминација на Лионел Меси и Кристиано Роналдо.
Во текот на годината реномираниот портал „Гоал“ објави видео во кое го прикажува животниот пат на човекот кој од „ништо“ стана најдобар во светот.
https://www.facebook.com/GoalHrvatska/videos/307418673319001/