Дома Фудбал Лига на шампиони ЖИВА ЛЕГЕНДА: Икер Касилјас вечерва испишува историја!

ЖИВА ЛЕГЕНДА: Икер Касилјас вечерва испишува историја!

casillas

Икер Касилјас е вистинска фудбалска икона која долги години брани на највисоко ниво.

Големиот Икер долги години го бранеше голот на Реал Мадрид, за потоа да премине во редовите на Порто за кој се уште настапува и тоа како прв голман!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во текот на летото се појавија гласини дека размислува за крај на кариерата, но сепак не го направи тоа, па од вечерва ќе биде единствениот играч кој настапил во 20 сезони на Лигата на шампионите. Достигнување кое секако е за голема почит.

До денес заедно со шпанската легенда на врвот беше Рајан Гигс кој застана на 19, а од вечерва и натпреварот помеѓу Порто и Шалке Каилјас ќе биде осамен на врвот.

Зад Касилјас и Гигс следуваат Сколс, Чави и Робен. Потоа по 15 сезони имаа одиграно Ибрахимовиќ, Раул Иниеста и Кристиано Роналдо.

„Ова секако е големо достигнување на кое сум могу горд. Моја цел е да продолжам да играм на највиско ниво и да бидам од корист на мојот клуб“, изјави Касилјас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Поради политички скандал откажано полуфинале: На Мароканците им се одземаа дресовите, немаа со што да играат

Со дипломатски скандал беше откажан првиот полуфинален натпревар од Купот на африканските …