Вистински бум во фудбалскиот свет предизвика вчерашната објава на 12 клубови дека се формира европска Суперлига.
Најголемиот дел од јавноста се противи на ваквата одлука на богатите клубови, со критики се огласија и повеќе поранешни фудбалери меѓу кои беше и Гери Невил.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Невил зборуваше за англиските клубови и ја повика Премиер лигата да ги исфрли од лигата оние што ќе учествуваат.
„Казнете ги веднаш, треба најстрого да се казнат! Големи парични казни, одземање бодови, одземање титули…Дајте ги титулите на Барнли и Фулам, Фулам нека остане тука. Исфрлете ги веднаш сите кои ќе учествуваат!“, порача Невил.
Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем, официјално прифатија да бидат дел од лигата, се чека да се види кои ќе бидат следните клубови.