Немаше голови на големото дерби од 30. коло од англиската Премиер лига помеѓу Манчестер Сити и Арсенал.
„Топчиите“ дојдоа на „Етихад“ со намера да се одбранат од акутниот шампион и успеаа во таа намера, а еден од оние кои ништо не на направија на теренот беше Ерлинг Халанд. Халанд единствената прилика за гол ја имаше пред крајот на натпреварот кога ја промаши топката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тандемот стопери на Арсенал, Вилијам Салиба и Габриел по вторпат сезонава го остави Халанд без удар кон голот, а легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Англија, Рој Кин, испрати жестоки критики до норвежанецот.
„Ова беше многу лошо, Ерлинг одигра преслабо. Беше на ниво на играч од англиската лига 2 (четврта лига). Под итно треба да најде решение да ја подобри својата игра“, изјави Кин.
По ремито со Арсенал, Манчестер Сити е на третото место со бод помалку од клубот од клубот од Лондон кој е на позицијата број два, Ливерпул е лидер со два повеќе (67).