Дома Фудбал Останато Жестоки критики за фудбалерите на Јунајтед: Катастрофа, вакви работи не смеат да им се случуваат!

Жестоки критики за фудбалерите на Јунајтед: Катастрофа, вакви работи не смеат да им се случуваат!

Maнчестер Јунајтед и Севиља одиграа 2:2 на „Олд Трафорд“ во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Европа.

Тимот на Ерик Тен Хаг имаше два гола предност, двата беа дело на Марсел Сабицер. Меѓутоа гостите во последните шест минути постигнаа два гола и дојдоа до изедначување. Сопствената мрежа си ја погодија Тајрел Маласија и Хари Мегваер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Критики по овој натпревар за фудбалерите на Манчестер Јунајтед испрати легендарниот Пол Сколс.

„Мислам како е можно толку да паднаа во второто полувреме. Тренерот не смее да биде задоволен. Требаше да биде 3:0, 4:0 или 5:0. Веројатно мислеа дека ја завршија работата, изгледаа како да се шетаат во парк“.

Не можете така да играте против Севиња, знаеме што таа направи во Лигата на Европа. Севиња не беше на ниво во првото полувреме, а Јунајтед изгледаше дека сигурно ќе победи. Второто полувреме беше катастрофа. Вакви работи големи тимовби не смеат да си дозволуваат“, изјави Сколс за „БТ Спортс“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Парма се враќа во Серија А

Фудбалерите на Парма со ремито на гостувањето кај славниот Бари успеаја да обезбедат едно …