Дома Фудбал Жестоки критики за судијата на мечот Турција – Чешка: „Ова е најлошиот судија во историјата“

Жестоки критики за судијата на мечот Турција – Чешка: „Ова е најлошиот судија во историјата“

Чешка загуби од Турција со 2:1 во третото коло од групната фаза во групата Ф и беше елиминирана од ЕП.

Португалија, Турците и Грузија отидоа понатаму, а Чесите по натпреварот со право му се лутат на романскиот судија Иштван Ковач. Од првата минута Ковач лошо судеше, егзекутираше, не знаеше да го контролира дуелот и подели дури 18 жолти картони (нов евро-рекорд) и два црвени. И покрај ова, тој на крајот покажа само шест минути продолжение.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Фановите со жестоки критики на социјалните мрежи

„Никогаш во животот не сум видел толку очигледно купен натпревар. Иштван Ковач е најлошиот судија на сите времиња. Срам за УЕФА.“

„Иштван Ковач е најлошиот судија во историјата на човештвото. Ја изгуби контролата. Сè што направи е да даде жолти картони.“

„Иштван Ковач целосно ја уништи играта во рок од 20 минути. Каква е*ана пи*да.

„Иштван Ковач не треба повторно да суди на ЕП по овој натпревар. Тотално изгуби контрола и натпреварот падна во хаос. 18 жолти и два црвени картони. Лудило.”

„Судијата Иштван Ковач успеа да го расипе натпреварот помеѓу Чешка и Турција со исклучување на играч во ситуација кога не мораше да даде втор жолт картон. Каков идиот, немам зборови.“

Романскиот судија Иштван Ковач никогаш повеќе не треба да суди меѓународен натпревар. Човекот е целосно изгубен“.

„Иштван Ковач го судеше последниот натпревар на ова ЕП. Веројатно најлошиот судиски настап што некогаш сте го виделе.“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола ќе ангажира неколку ѕвезди во Манчестер сити, а најскапата вреди 190 милиони евра!?

Манчестер Сити оваа сезона игра многу скромно и веројатно е дека Пеп Гвардиола би можел да…