Најголемата ѕвезда во турскиот шампионат и член на Башакшекир, Арда Туран направи голема глупост на последниот натпревар против Сиваспор, па денес доби драконска казна.
Поранешниот играч на Барселона и Атлетико доби суспензија од 16 натпревари поради тоа што го оттурна помошниот судија протестирајќи при една ситуација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од оваа казна, десет натпревари се за оттурнувањето, три за навредите и уште три за заканите упатени кон арбитарот. Покрај суспензијата, Туран доби и парична казна од 9.000 евра.
Arda Turan has a MELTDOWN ?
Sent off for pushing the linesman in a crucial title race clash ?♂️ pic.twitter.com/RDNCzaEL4J
— Turkish Football (@Turkish_Futbol1) May 4, 2018
Башакшекир во 92-та минута прими несреќен гол за 1:1, што на крајот може да го чини и титула. Поради тоа домашните фудбалери беа потполно индиспонирани и нервозни, па Арда направи голема глупост.