Во Барселона договорите ги продолжија Лионел Меси и Жерар Пике, а следен е Самуел Умтити!
После двата можеби најважните продолжувања на договорите во последните неколку години управата на Барселона веќе ја има следната мета и на него веројатно ќе работат до лето. Францускиот штопер само што пристигна на „Ноу Камп“ веднаш го „забетонира“ своето место покрај Жерар Пике и сега е неизоставен дел од системот на Ернесто Валверде.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Токму затоа според тврдењата на каталонските извори примарна цел на клупската политика сега ќе биде продолжување на соработката со Умтити и спремни се да му понудат значително подобри услови.
Споретскиот директор Роберто Фернандез веќе разговараше со своите советници и донесена е едногласна одлука дека Французинот мора да добие поголем договор.
Сегашниот договор на Умтити има важност до 2021 година со плата од 80.000 евра и откупна клазула од 60 милиони евра што во Барселона ја сметаат за премала.
Планот е Умтити да биде врзан со Барса барем до 2023 година со плата од 120.000 евра неделно и откупна клазула од 200 милиони евра!