Вотфорд во вчерашниот натпревар го декласираше Челзи со убедливи 4:1, а новото засилување на домаќините посебно се истакна во овој натпревар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Каталонецот, Жерар Делофеу оваа сезона се врати во Премиер лигата после слабата есен во матичниот клуб и вчера заблеска против актуелниот шампион на Англија.
Младиот Шпанец се врати на „Ноу Камп“ после добрите настапи во Евертон и Милан и многумина сметаа дека значително ќе го намали притисокот на Меси и Суарез.
Меѓутоа следуваа бледи изданија, а многумина го прогласија и за целосно промашување. Сето тоа резултираше со трансфер во Вотфорд, а во натпреварот против Челзи беше и играч на мечот.
Над Делофеу беше направен пеналот со кој „стршлените“ стигнаа до водство во првото полувреме, а својот одличен настапи го круниса со гол на две минути пред крајот на натпрарот.
Тренерот на Вотофрд во тие моменти го извади од игра, а целиот стадион го испрати со овации.