Дома Фудбал Англија Ждрепката во ФА Купот наклонета за фаворитите, само во еден меч ќе се пресметаат Премиерлигашите (ФОТО)

Ждрепката во ФА Купот наклонета за фаворитите, само во еден меч ќе се пресметаат Премиерлигашите (ФОТО)

Денес беше објавена ждрепката за осминафиналните средби во рамки на најстарото натпреварување на светот – ФА Купот.

Поголемиот дел од натпреварите од четвртата рунда се комплетирани, остануваат само реванш натпреварите, поради нерешениот исход во првиот меч и тоа помеѓу екипите на Нотс Каунти и Свонси, Хадершфилд и Бирмингем, Милво и Рокдеј, како и Њупорт и Тотенхем.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Паровите во петтата фаза сега се извлечени, а најинтересно ќе биде на мечот помеѓу ВБА и Саутемптон, кои во претходната фаза исто така ги одмерија силите со екипи од Премиер лигата.

ВБА го изненади Ливерпул, додека Саутемптон со гол во четвртата минута од мечот го реши дуелот со Вотфорд.

Челзи на „Стемфорд Бриџ“ ќе ја пречекаат екипата на Хал, Јунајтед го чека подобриот од мечот помеѓу Хадешфилд и Бирмингем, па и тука постои можност да се сретнат два тима од ПЛ, додека Манчестер Сити ќе гостува кај Виган.

Сите двојки погледнете ги во продолжение

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола и натаму ја префрла фаворитската улога на Арсенал: Тие се еден од најдобрите тимови против кои сум играл!

Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити, го изрази своето задоволство од настапот на нег…