Македонската ракометна репрезентација нема да биде дел од светското првенство кое ќе се одржи следната година во Египет.
Светската ракометна федерација (ИХФ) одлучи последното слободно место на Мундијалот да и го додадели на селекцијата на Чиле која е тотален аутсајдер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ракометниот турнирот во Средна и Јужна Америка кој требаше да ги одреди последните учесници на Мундијалот во јануари следната година не се одржа поради пандемијата на коронавирусот, па ИХФ одлучи празното место да и го додели на селекцијата на Чиле која ќе биде во група со домаќинот Египет, потоа Шведска и Чешка.