Денес по повод 30-годишнината од своето постоење, Европската ракометна федерација ќе одржи гала прослава на која ќе присуствуваат голем број гости, а на церемонијата признание се очекува да добие и македонската ракометна легенда и денешен селектор, Кирил Лазаров.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
ЕХФ ја отвара својата „Куќа на славни“ и во неа ќе бидат членови голем број великани на светскиот ракомет, Лазаров нема сомнение дека заслужува и е еден од најголемите кандидати.
Иако ја заврши кариерата, Лазаров се уште го држи првото место на стрелци со најмногу голови во Лигата на шампионите, беше најдобар стрелец на ЕП, двапати најдобар стрелец во Лигата на шампионите која и ја освојуваше.
За првпат ЕХФ ќе избира и „Ол-Стар“ тим, како и МВП играч на сезоната. Настанот започнува во 17:30 и ќе се пренесува во живо на официјалната страна на ЕХФ.