Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО ЕУРО анализа: Италија – Шпанија, тимот на Манчини покажа повеќе, но тешко е да се победи Шпанија

ЕУРО анализа: Италија – Шпанија, тимот на Манчини покажа повеќе, но тешко е да се победи Шпанија

Во вторник стартуваат полуфиналните натпревари на ЕУРО 2020, кога на Вембли во Лондон ќе се судрат два континентални гиганти и стари непријатели – Италија и Шпанија.

Во реприза на финалето од 2012 година, обете нации имаат намера да резервираат место во големото финале, а впрочем и докажаа најмногу на овој шампионат кој по многу нешта е посебен во однос на предходните.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Манчини ја менува сликата за Италија

По импресивната победа во четвртфиналето над Белгија во Минхен, инспирираниот состав на Италија ќе има уште потешка задача во Лондон. Ќе игра со еден од своите најстари ривали, со кои првпат се сретна на Олимписките игри во 1920 година.

Шестиот интернационален гол на Николо Барела и незапирливиот удар на Лоренцо Инсиње против Белгијците им помогна на „азурите“ да го продолжат рекордниот учинок под водство на неверојатниот Манчини. Сега Италија е без пораз на 32 натпревари.

Демонстрирајќи ја својата традиционална одбранбена цврстина, а сега под водство на Манчини надополнета со течна напаѓачка игра што полека стана заштитен знак на Италија под водство на Роберто Манчини, ветеранскиот пар на Јувентус, Леонардо Бонучи и Киелини, во голема мерка имаа лесна задача. Сега Италија не се повекува пред својот голман, во ниту еден момент и при ниеден резултат. Одбраната почнува од нападот и тоа е олеснителна околност на бековите. Најдобро на дело тоа се покажа против Белгија, каде ниту брзиот Лукако, ниту експлозивниот Де Брујн не успеаа да направат ништо.

Рекорди, рекорди, рекорди …

Таа победа против Белгија служеше за поставување на уште еден рекорд за импресивната италијанска екипа, бидејќи тие станаа првата нација која победила на 15 последователни натпревари во европските натпреварувања – вклучително и турнири и квалификации – и само четвртата што победила на пет натпревари на ЕП по ред.

Се на се, нивниот последен пораз се случи дури во Септември 2018 година, против Португалија. Иако сега тоа е далечно сеќавање, тој пораз пристигна додека лузните од неуспехот да се пласираат на СП 2018 се уште беа свежи.

Оттогаш, нивниот менаџер прелистуваше и испробуваше бројни опции, пред да се реши на релативно младешки, но високо-енергетски избор на фудбалери, потпомогнат од некои мудри стари глави во одбраната.

Пред нокаут-фазата, Италија победи во секој од нивните натпревари во групата А, а пред да играат со Австрија на продолженија, тие поминаа 1000 минути без да примат гол. Во нападот,  постигнувајќи 11 гола на ЕУРО поставија уште еден рекорд – нивно најдобро постигнување на големите турнири откако постигнаа 12 гола за да го освојат Светското првенство во 2006 година.

Шпанија никогаш не испаднала во полуфиналето

Шпанија лицитира за освојување на своето четврто Европско Првенство, што би ги направило најуспешна нација во историјата на шампионатите.

Ја избришаа лошата слика од групната фаза по првите две нокаут рунда, а сега сакаат да ја продолжат традицијата која вели – секој пат кога Шпанија го минува четвртфиналето, го освојува трофејот.

Досега патот беше трнлив за неконзистентниот тим на Луис Енрике и тие дури на пенали славеа над одличната Швајцарија.

Втора последователна победа по 120 минути – по возбудливата победа во продолженија над Хрватска, во пеналите со Швајцарија, Унаи Симон ја спаси Шпанија и ги одбрани пеналите на Фабијан Шар, Мануел Аканџи и Рубен Варгас, оставајќи го Микел Ојарзабал да ја испрати Шпанија во полуфиналето.

И покрај слабиот старт на ЕУРО 2020, момците на Енрике веќе постигнаа 12 гола, изедначувајќи го нивниот највисок рекорд по бројот на голови, поставен за време на триумфалните кампањи од 2008 и 2012 година.

Всушност, Шпанија е непоразена во текот на последните 13 натпревари. Седум од тие натпревари завршија нерешено, што сугерира дека нивниот недостаток во офанзивата е сепак проблем. Тие постојано и против сите ја контролираат играта, го контролигаат темпото, но тоа не секогаш носи резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

ПСЖ испрати понуда од 100 милиони за наследникот на Мбапе

ПСЖ ја започна потрагата по наследник на Килијан Мбапе, а прва желба е ѕвездата на Наполи,…