Дома Останати Ракомет Еурофарм Работник со минимален пораз дебитираше во ЛШ

Еурофарм Работник со минимален пораз дебитираше во ЛШ

Еурофарм Работник не успеа да го повтори успешниот старт од СЕХА лигата и својот дебитантски натпревар во Лигата на шампионите го заврши со пораз од 29:30 во рамки од групата Ц.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првиот дел му припадна на нашиот претставник кој предводен од Стјепановиќ и Остроушко оствари предност од 16.15.

Во вториот Еурофарм имаше предност и од два гола 13-11 но дозволи гостите да се соземат и да дојдат на високи 24-21 во нивна корист. Оваа предност ја искористија за победа иако домаќинот правеше притисок и успеа да израмни но не и да се спаси од пораз.

Кај македонскиот тим најрасположени беа Остроушко и Јотиќ со по пет гола, а Шевелев и Стјепановиќ погодија по четири , додека кај Спортинг се истакна Џиноа со десет гола. Битолчани право на поправен ќе имаат веќе в среда, за кога е закажано гостувањето во Шведска кај Савехоф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Босанецот Хаџиќ си замина од Пелистер!

Еурофарм Пелистер и босанскиот ракометар Алем Хаџиќ спогодбено ја завршија соработката, со…