Eвропската ракометна федерација денес го објави распоредот на барани за учесниците во Лигата на шампионите каде што наредната сезона ќе игра и македонскиот претставник, Еурофам Пелистер.
Пелистерци се најдоа во третиот барабан на ждрепката каде што се уште Загреб, Целје, Клоштад и Порто.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Без разлика каде ќе се падне, македонскиот шампион сигурно ќе ги одмери силите со еден германски (Магдебург или Кил), еден француски (ПСЖ или Монпелје), еден полски (Кјелце или Висла Плоцк) и еден унгарски тим (Веспрем или ПИК Сегед).
Ждрепката за групите закажана за на 27-ми јуни во 11. часот во Виена.
ПРВ БАРАБАН: ПСЖ, Кил, ГОГ, Барселона, Кјелце, Веспрем.
ВТОР БАРАБАН: Магдебург, Висла Плоцк, Монпелје, Алборг, ПИК Сегед.
ТРЕТ БАРАБАН: ПЕЛИСТЕР, Загреб, Целје, Колштад, Порто.