По само една сезона пауза, тунискиот репрезентативец Усама Хосни повторно ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. 31-годишниот десен бек потпиша договор на една сезона и наскоро се очекува да пристигне во Битола.
Хосни го носеше дресот на Ал-Араби во сезоната 2023/24, откако со нашиот клуб ја освои титулата сезона претходно. Освен во Македонија и Кувајт, Хосни настапуваше во својата земја, во Франција и Катар.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Претставувањето на Хосни во Битола е предвидено на стартот на подготовките, на крајот од месец јули.