Tимот на Еурофарм Пелистер во рамките од 21. коло во домашното првенство го совлада Тинекс Пролет со 23:28.
Пелистерци одлично отворија и ги постигнаа првите четири гола на натпреварот, следуваше една позитивна серија на домаќинот со која не дозволи битолчани да се одлепат. Бркаше Тиквеш негатива до крајот на првиот дел додека избраниците на Жељко Бабиќ ја користеа секоја грешка. По првите 30 минути резултатот гласеше 12:13.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На стартот на вториот дел следуваше и серијата од 5:1 со која веројатно беше решен овој натпревар. Ракометарите на Тинекс тешко реализираа и тешко се справуваа со одличната гостинска одбрана.
Костески беше најефикасниот со шест гола, а по пет постигнаа Велковски и Периќ. Во редовите на Пролет се истакна Пецаковски со осум гола.
Фото: РК Еурофарм Пелистер