Бившиот напаѓач на Барселона, Самуел Ето ја коментираше „жешката“ тема за можното заминување на Лионел Меси од Камп Ноу.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После дебаклот кој го доживеа Барселона во Лигата на шампиони се посилно се шпекулира за можно заминување на Лионел Меси.
Аргентинецот има уште една година од договорот, а силен интерес за него покажуваат Интер и Манчестер Сити.
„Ако Меси замине, тогаш клубот треба да го промени името. Раководството треба да се направи се за да го задржи Меси до крајот на кариерата. Барселона е Меси. Се надевам дека ќе се донесат вистински решенија и Барса брзо ќе се врати на победничките патеки“, коментира Ето.