Нуно Еспирито Санто призна дека е разочаран од начинот на кој си замина од Тотенхем и фудбалот го опиша како „најнемилосрден спорт“.
Португалецот во јуни потпиша двегодишен договор со Тотенхем и дури беше менаџер на месецот, но пред неколку дена доби отказ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Последните неколку недели беа хаотични. Фудбалот е најнемилосрден спорт. На почетокот бев најдобриот менаџер и набргу потоа добив отказ. Таков е животот, гледам напред и го чекам следниот предизвик иако мојот престој во Тотенхем не заврши како што планирав“, истакна Еспирито Санто.